Гемиџии гостуваат во Скопје, проблемот со салата го одложи дуелот од кадетската лига

Кадетите на РК Гемиџии од Велес утре ќе го одиграат одложениот натпревар од 8. коло во кадетската ракометна лига против екипата на Македонија Ѓорче Петров, но наместо на домашен терен, ќе гостуваат во Скопје.

Zito baner

Натпреварот ќе се игра во спортската сала на СУГЦ „Кочо Рацин“, откако првично беше закажан за во саботата во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“ во Велес.

Agria

Дуелот беше одложен поради несоодветни услови за игра, предизвикани од протекување на таванот на салата. Дополнителен проблем е што Велес во моментов нема алтернативна спортска сала за одигрување на натпреварите, бидејќи спортската сала „Гемиџии“ е во фаза на реновирање.

По седум одиграни кола, кадетите на Гемиџии се наоѓаат на шестото место на табелата со освоени три бода, додека Македонија Ѓорче Петров е позиција погоре, со четири бода.

Велешките ракометари утре ќе имаат можност на гостински терен да се обидат да стигнат до нови бодови и да ја подобрат својата позиција на табелата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: