Пунктови во рурални средини или повеќе тимови и возила: Како да се намали чекањето Брза помош во Вардарскиот Регион

Од новите 100 амбулантни возила, Велес доби само едно. Службата за итна помош во Велес покрива огромна територија во три општини од Вардарскиот Регион, а во руралните средини пациентите често знаат и со часови да чекаат да стигне помошта од Велес. И граѓаните и лекарите апелираат дека се потребни повеќе возила, мобилни тимови, дежурни екипи и обновување на пунктовите во руралните места.

Zito baner

Пред два месеца заврши постапката во која Министерството за здравство купи 100 нови амбулантни возила со надградена опрема за сума од околу 7,5 милиони евра, со кои треба да се подобри капацитетот на здравствениот систем низ земјава. Најавено е дека во 2027 година ќе се набават дополнителни 50 возила.

Agria

Итната медицинска помош во Велес, која покрива огромна територија од 1.525 километри квадратни (околу 6 % од територијата на државата) во неколку општини: Велес, Чашка и Градско, доби само едно ново амбулантно возило. Според пописот, во овие три општини заедно живеат приближно 60.000 жители, што претставува над 3 % од населението од државата.

При промоцијата на возилата во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски информираа дека новите возила се опремени со ЕКГ-апарати, дефибрилатори и опрема за респираторна поддршка.

„Убеден сум дека со овие возила побргу ќе се стигнува и ќе се интервенира многу попрецизно, имајќи ја предвид опремата што ја поседуваат овие нови возила “, кажа премиерот Мицкоски.

Автори: Лидија Пљакова* и Орце Костов**

Целата сторија нa медиумот на заедницата Локал Актив можете да го прочитате тука.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: