Филипче: Година дена предупредувавме за АЛТА банка, бараме интерпелација за гувернерот Славески

Венко Филипче, лидерот на опозициската СДСМ, на прес-конференција во Собранието им кажа на граѓаните дека година дена ја предупредуваа власта предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ за проблемите во Алта банка кои сега настанаа, дека е тоа банка која настанала од една многу мала штедилница, дека челните луѓе се блиски пријатели на Александар Вучиќ, натаму дека е настаната од пари стекнати од криминални, коруптивни зделки, од трговија со дрога и се пари од опљачкани граѓани.

Zito baner

„И ете проблемот се случи. Оваа власт предводена од Христијан Мицкоски е арамиска и криминална. Ова е само уште еден доказ за тоа, но за жал сега на штета на граѓаните кои тоа ќе го пучувствуваат по своите џебови. Илјадници луѓе кои денеска не можат да стигнат до своите средства, не им работат ни картичките како што вчера гувернерот најавуваше дека ќе функционираат, и тој очигледно е соучесник во целата оваа манипулација и цел овој сомнителен, коруптивен процес на носење на Алта банка во Македонија. Христијан Мицкоски, организираната криминална група и Трајко Славески очигледно е дека ќе помогнат да се опљачкаат меѓу 150 и 180 милиони евра од граѓаните. Стравуваме дека ова ќе има и домино ефект и врз други банки, затоа што веќе други граѓани коишто немаат сметка во Алта банка од утрово ни јавуваат и ни кажуваат дека си ги проверуваат своите депозити и своите пари во други банки и ја проверуваат достапноста на истите тие средства“, изрази загриженост Филипче.

Agria

Филипче најави дека СДСМ ќе поднесе интерпелација во Собранието за преиспитување на довербата кон гувернерот на Народната Банка Трајко Славески.

„Гувернерот треба да одговори на многу прашања, исто така и премиерот Христијан Мицкоски. Како дозволиле влез во земјата на Алта банка? Дали се испочитувани сите процедури? Дали е направена контрола на средствата и нивното потекло коишто влегле при купување на Алта банка?“, праша Филипче.

Лидерот на СДСМ кажа дека 11.000 пензионери примаат пензија преку Алта банка.

„Денеска експозитурите не работат, а на граѓаните не им работат ниту картичките на банкоматите. Како граѓаните ќе си ги повлечат парите? Зошто гувернерот кажува дека и покрај тоа што не можат да си ги повлечат парите, имаат обврска да ги враќаат кредитите? Замислете, каков врв на безобразлук. Со кои пари луѓето да враќаат кредити?“, п-раѓуваше денеска Филипче.

Опозицискиот лидер побара одговори и за трансакциите во банката, за проверката на потеклото на капиталот и за евентуалниот престој на Давор Мацура во земјава изминатите денови.

„Денес, кога им се блокирани средствата на луѓето, а им се дозволени трансакции на фирмите коишто имаат таму средства, дали се префрлаат пари и какви пари се префрлаат од еден правен на друг правен субјект? Ако на овие прашања тие не одговараат, ние бараме Обвинителството што побрзо да се вклучи во оваа работа и сите овие прашања да ги истражи“, побара Филипче.

Потоа тој оцени дека власта е заинтересирана исклучиво за сопствените интереси.

„Едноставно, заинтересирани се само за своите лични интереси и интересите на малата криминална група на власт околу премиерот Христијан Мицкоски“, нагласи претседателот на СДСМ.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: