Од утре поскапува бензините и дизелот

Benzinska pumpa

Од утре, 3 ноември, поскапуваат бензините и дизелот. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55 проценти во однос на претходната одлука од 26 октомври.

Zito baner

Според новата одлука, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за два денари по литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за еден денар по литар.

Agria

Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета, додека мазутот поскапува за 1,3 денари по килограм.

Новите максимални малопродажни цени ќе важат од 3 ноември 2026 година, од 00:01 часот.

Новите цени на горивата се:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 93 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 95 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ: 100 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 110 денари за литар
  • Мазут М-1 НС: 55,573 денари за килограм

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: