Успешно реализирана крводарителска акција во ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес, на која учениците, наставниците и вработените уште еднаш ја покажаа својата хуманост и солидарност.
На акцијата вкупно 30 крводарители даруваа крв, придонесувајќи во обезбедувањето на неопходните резерви на крв и помагајќи им на оние на кои им е најпотребна.
Во реализацијата на акцијата учествуваа волонтери од Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес и медицински тим од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.




















