Младинските категории на ГОК Борец од Велес ги продолжија настапите во своите одбојкарски натпреварувања, со натпревари во пионерска и кадетска конкуренција.
Пионерките на Борец настапија на турнирот од првата група, кој се одржа во Скопје, во салата на Форца. Велешанки забележаа една победа и еден пораз. Најпрво загубија од домаќинот ОК Форца Волеј со 0:2 во сетови, додека во вториот натпревар остварија убедлива победа од 2:0 против ОК Струмица.
Успешен турнир имаа и кадетите на ГОК Борец, кои пред домашната публика во Велес забележаа две победи. Во првиот натпревар го совладаа ОК Работнички со 2:0 во сетови (25:18, 25:15), додека во вториот натпревар со истиот резултат, службено, беше регистрирана победа против ОК Јанта.




















