Младинските категории на Борец Баскет забележаа две убедливи победи во натпреварите од своите лигашки натпреварувања.
Екипата М12 славеше на гостувањето кај Работнички со резултат 38:52, со што по одиграните две кола се наоѓа на третото место на табелата во Првата лига. Во следното, третото коло, младите велешки кошаркари ќе го пречекаат составот на ИБА Скопје.
Убедлива победа оствари и селекцијата М16, која на гостувањето против ВИБАС триумфираше со високи 31:78. Со овој успех, Борец Баскет се искачи на второто место во Втората лига А со освоени осум бода.
Во наредното коло велешани ги очекува нов предизвик, бидејќи на домашен терен ќе го пречекаат лидерот на табелата, екипата на Тетова Булс.
Двете победи се уште една потврда за добрата работа со младинските категории на Борец Баскет, кои продолжуваат со успешните настапи во своите конкуренции.





















