Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималните температури ќе се движат од 3 до 9, а максималните ќе достигнат од 8 до 15 степени.
Во Велес ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 14 степени.




















