30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Фруитленд Борец гостува кај Еурофарм Пелистер

Fruitlend Pelister

Со натпреварот Еурофарм Пелистер – Фруитленд Борец вечерва ќе биде отворено 14 коло од Супер ракометната лига на Македонија. Велешани ќе имаат задача на гостувањето кај актуелниот шампион на Македонија.

Zito akcija 640x289px

Фруитленд Борец нема што да загуби во дуелот со Еурофарм Пелистер кој само пред два дена ја совлада екипата на Висла Плок во Лигата на шампиони, и ќе се потрудат да прикажат квалитетен ракомет пред битолската публика.

Agria

Натпреварот  во спортската сала  „Боро Чурлевски“ во Битола е во терминот од 18 часот , а судии на натпреварот ќе бидат Иван Илиевски од Битола и Илија Цветановски  од Прилеп.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: