Ракометарите на Фруитленд Борец добија противник по мерка во елиминациското коло во Купот на Македонија. Прволигашот од Свети Николе, екипата на Овче Поле е пречката која стои за пласман во групите на Купот на Македонија.
Овче Поле заврши како четвртопласирана екипа во Првата лига, Група А, со што обезбеди пласман во плеј оф разигрувањето за влез во Супер лигата со скор од 6 победи, 5 порази и 2 нерешени исхода.
Натпреварите од елиминациите се на програмата следниот викенд, а Овче Поле ќе биде домаќин на овој натпревар, по што 13 екипи ќе им се придружат на веќе пласираните три во групната фаза, Алкалоид, Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, што ќе се игра на 26/27 април.