Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, со највисоки државни и воени почести, ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.
По пречекот, како што информираат од Кабинетот на претседателката, ќе следува тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО.
Генералниот секретар на НАТО, Руте, ќе има средба и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом.
Според официјалното соопштение за посетата на генералниот секретар на Скопје, најавено е дека тој исто така ќе ја посети и касарната „Илинден“.

















