Горивата од ноќеска на полноќ поевтинија за два денара по литар

benziska pumpa

Бензините и евродизелот од ноќеска на полноќ поевтинија за два денара по литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството е намалено за еден денар. Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09 проценти.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98  се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 66,5, а  Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 65,5 денари за литар.

Agria

Со одлуката на РКЕ за 0,248 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,635 денари.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: