Игор Мицевски – Скакар: Медалите доаѓаат, ентузијазмот не запира – Боречкиот клуб Борец зад една од најуспешните години

Иако без еден „најголем“ момент што би се издвоил, 2025 година за Боречкиот клуб Борец е година полна со победи, медали и тивка, но упорна работа – во сите возрасни категории и на сите натпревари. Претседателот и тренер Игор Мицевски – Скакар вели дека секој освоен медал за Борец, Велес и Македонија има иста тежина, но предупредува: без посериозна поддршка од локалната заедница и приватниот сектор, ентузијазмот тешко се претвора во системски успех.

Батали.нет: Како ја оценувате 2024 година за Боречкиот клуб и кои резултати најмногу ве радуваат?

Agria

„2025 година за Боречкиот клуб Борец ја оценувам како една од поуспешните години,а резултати кои не радуваат, па неможам посебно да истакнам, ме радуваат победите во сите возрасни категории и освоените медали на сите државни и меѓународни натпревари.

Батали.нет: Кој момент или успех од изминатата година би го издвоиле како најзначаен?

„Немам некој најзначаен успех или момент сите успеси освоени медали за Борец, Велес и Македонија ми се подеднакво значајни“.

Батали.нет: Со какви предизвици најчесто се соочувавте во работата со младите борачи?

„Да во клубот има доста млади таленти од кои очекуваме следните години да дадат големи резултати во своите возрасни категории но нема да спомнам имиња да не се налути некој“.

Батали.нет: Колку е важна поддршката од локалната заедница за развојот на клубот?

„Поддршката од локалната заедница е една од главните фактори клубот да постои, сеуште според нас е минимална, очекувањата ни се големи, а за развој на клубот и поголеми успеси треба доста поголема поддршка не само од локалната заедница, туку и од приватниот сектор кој тешко се одлучува за било каква подршка“.

Батали.нет: Кои се главните цели и натпревари што го очекуваат клубот во новата година?

„Следната 2026 година Боречкиот клуб Борец одбележува 65 години од своето постоење што го прави еден од најстарите клубови во градот. Главната цел ќе ни биде изработка на една книга за борењето во Велес, и достојно одбележување на 65 годишнината од постоењето, како и организирање на голем меѓународен турнир во борење слободен стил, и секако учество и успех на сите државни првенства и меѓународни натпревари од календарот“.

Батали.нет: Што би сакале да се промени или подобри во македонското борење во иднина?

„Што би сакал да се промени? Да се обезбедат повеќе финансии и услови, да успееме да ја вратиме лига системот на натпревари со што нашите борачи би имале многу повеќе борби со што гарантирано ќе се постигнат поголеми резултати, но според реалноста тоа е тешка работа, само фантазија“.

liston-turnir-8

Батали.нет: Ваша новогодишна порака до спортистите, родителите и читателите.

„Среќни новогодишни и божиќни празници на сите спортисти, родители и читатели на Батали.нет. Спортистите да имаат успешна година, родителите своите деца да ги насочуваат на спорт посебно борење, а читателите да читаат само позитивни работи“.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: