Инфлацијата во земјава никако да падне под 4%. Државниот завод за статистика измери дека во ноември трошоците за живот биле за 4% повисоки во однос на истиот месец лани, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3%.
Според статистика за еден месец (октомври – ноември) инфлацијата се зголемила за 0,5%. Кај трошоците за храна и безалкохолните пијалаци во ноември е забележан скок од 5,4% во однос на ноември лани. Овошјето поскапело за 18%, месото, маслата и мастите над 7%. Најмногу поскапеле кафето, чајот и какаото, кои се берзански производи за 27%.
Индексот на цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година изнесува 100.6.

















