Историски момент за велешката одбојка, Виола Волеј дебитира на домашната сцена по 15 години пауза

Одбојкарките на Виола Волеј утре го започнуваат својот настап во Втората одбојкарска лига за жени, воедно означувајќи историски камбек на женската одбојка во Велес по цели 15 години.

На домашен терен, во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“, Виола Волеј ќе се соочи со екипата на Виктори Волеј. Натпреварот, кој ќе започне во 11 часот, претставува прв официјален меч за клубот во рамки на лигашкото натпреварување и симболичен нов почеток за овој спорт во градот.

Agria

Овој натпревар не е само дебитантски настап за Виола Волеј, туку и спортски празник за сите љубители на одбојката во Велес, кои по повеќе од една деценија ќе имаат можност повторно да уживаат во женска одбојка на домашен терен.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: