Извршена е ждребката за Трета лига – Југ, првенството започнува на 14 септември

Bucin Prevalec

Вчера во Кавадарци се изврши ждрепката за претстојното првенство од Третата фудбалска лига – Југ. Во овој ранг се вкупно 14 тима, а од нив четири екипи се членови на ОФС Велес.

Борец 1919, Превалец, Башкими од село Јаболчиште и екипата на Тополка ќе бидат преставници од ОФС Велес во оваа сезона на Третата фудбалска лига – Југ.  Еве ги двојките за 1.коло на 14 септември во 16 часот: Превалец – Млекар, Питу Гули – Дреново, Слога – Башкими, Младост – Ултрас, Бучин – Венец, Росоман – Борец, Влазними – Тополка.

Agria

Првото локално дерби е закажано за третото коло кога екипата на Тополка ќе го пречека Борец 1919.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: