Трошоците за живот во јануари во однос на ланскиот јануари се зголемиле за 3,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Но, во однос на декември е забележано намалување на трошоците за 0,7 проценти.
„Намалувањето на инфлацијата во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 9.3 отсто, информации и комуникации за 1.6 отсто, рекреација, спорт и култура за 1.5 отсто, облека и обувки за 1.2 отсто, лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.5 отсто“, стои во соопштението на ДЗС.
Трошоците на живот за храна и безалкохолни пијалоци во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година се повисоки за 5,2 отсто, за покуќнина и опрема за домување за 5,8 отсто и за ресторани и услуги за смествување за 4,8 отсто.

















