И покрај забраната седнал зад волан, приведен 38-годишник од Велес

Уште еден случај на непочитување на сообраќајните прописи е евидентиран на велешкото подрачје. Полициски службеници од СВР Велес на 11 февруари 2026 година во 10:55 часот на автопатот А1, кај клучката Караслари, го лишиле од слобода А.А. (38) од Велес.

При редовна сообраќајна контрола било запрено патничко моторно возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.А., при што било утврдено дека тој го управувал возилото и покрај тоа што имал активна мерка – забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

Agria

По насоки на јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица, а возилото било привремено одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: