Кадетскиот тим на Фруитленд Борец не успеа да обезбеди место на завршниот турнир, откако и во реваншот беше поразен од екипата на Струга. Вториот натпревар, одигран во Струга, заврши со убедлива победа на домашниот тим 33:21.
Велешани лошо го отворија мечот и уште на самиот почеток се најдоа во негатива од 4:0. Сепак, успеаја да се консолидираат и со цврста игра во одбраната го израмнија резултатот на полувреме – 11:11. Но, во второто полувреме повторно падна концентрацијата, а Струга тоа умешно го искористи за да ја зголеми предноста и на крајот слави со двоцифрена разлика.
Претходно, во првиот дуел одигран во Велес, Струга извојува тесна победа со 34:36, со што со две победи обезбеди пласман на Ф4.