30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Кадетите на Куманово им го нанесоa вториот пораз во првенството на Фруитленд Борец

Kumanovo Fruitlend Borec kadeti

Кадетите на Фруитленд Борец го доживеаја вториот пораз во лигата, овој пат од конкурентот за второто место кое води во разигрувањето за фајнал – фор, екипата на Куманово со високи 31:21.

Zito akcija 640x289px

Иако младите велешани добро го започнаа натпреварот и имаа водство дури и од 6:4, до крајот на првиот дел домашниот тим го презеде водство и на полувреме се замина со 14:10. Во вториот дел иста слика на теренот, велешани немаа решение за триото Вујичевски, Мицевски и Арсовски кои заедно постигнаа 24 погодоци и постојано ја зголемуваа предноста.

Agria

Најефикасен кај тимот на Фруитленд Борец повторно беше Андреј Зафиров со 8 постигнати погодоци, а изостана подршката од неговите соиграчи. Во наредното коло во Велес ќе гостува екипата на Алкалоид.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: