Кеги Моби ја наполни мрежата на Јувентус Серава

Kegi Mobi Juventus Serava

КМФ Кеги Моби со седум погодоци го испрати гостинот од скопски Чаир и ги зголеми шансите за опстанок во Првата македонска футсал лига. Велешани во рамките на 14 коло ги совладаа Јувентус Серава со 7:0.

Zito akcija 640x289px

Кирил Ивановски го отвори резултатот во 9 минута, а веќе во 10 минута Кеги Моби поведе со 2:0 со голот на Марио Атанасовски и со овој резултат се замина на одмор. Во вториот дел гостите тргна на се или ништо, а тоа вешто го искористија велешани и ја наполнија мрежата на Јувентус Серава. Тале Трајков постигна два погодока,  Иван Николовски и Адил Адиловиќ по еден погодок, а Ивановски со својот втор гол ја потврди победата.

Agria

До крајот на првенството има уште 4 кола а велешани се наоѓаат на 9 позиција со 14 бода, 5 повеќе од последно пласираниот тим на Железарец, со кого ќе ги одмерат силите во 17 коло.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: