Кеги Моби врза четири победи по ред во првенството, и на две кола пред крајот се искачи на шестата позиција. Во рамки на 16 коло Кеги Моби во Велес го совлада составот на Црна Река од Кавадарци со 8:4.
Велешани натпреварот го решија во првиот дел кога со головите на Тале Трајков, Ангелче Гаштев и двата гола на Марио Атанасовски поведоа со 4:0. До 30 минута беше 6:0 со вториот гол на Тале Трајков и Христијан Ристовски. Гостите само во последните 10 минути покажаа ефикасност кога само го ублажија поразот.
До крајот на првенството остануваат уште две кола, а Кеги Моби во следното коло гостува кај Железарец кој е веќе второлигаш бидејќи ги изгуби сите шанси за опстанок.