Управата на КМФ Кеги Моби почна да ги промовира новите засилувања за пролетниот дел. Анѓелче Гаштев е првото и старо ново засилување за КМФ Кеги Моби, кој после две години се враќа во клубот и со многу поголемо искуство ќе се потпре екипата на него како еден од столбовитен на тимот.
„Им благодарам на КМФ Кеги Моби Велес што сум повторно дел од нив, не можам да кажам дека претходниот пат пред да заминам не бев задоволен но многу обврски од приватниот живот не ми дадоа можност да бидам активен во футсалот. Сега се враќам што би рекле старите на голема врата, ќе го дадам и изиграм максимумот со помош на моите соиграчи и се разбира стручниот штаб Нанев и Пановски очекувам со нивна огромна подршка да бидам еден од клучните играчи кој ќе води битка во жетвата на бодови. Ви благодарам уште еднаш и се гледаме во сала“, изјави Анѓелче Гаштев.
Од клубот најавија дека деновиве ќе промовираат уште некое засилување со што ќе се стабилизира клубот во борбата за опстанок во Првата футсал лига на Македонија. КМФ Кеги Моби по првиот дел се наоѓа на осмата позиција со осум освоени бода.