Во недела, од 20 часот, во спортската сала „Гемиџии“ ќе се одигра дербито меѓу велешкиот Борец Баскет и струмичката Академија ФМП, а натпреварот ќе биде пренесуван во живо од Live Streaming Production.
Челните луѓе на клубот и на Live Streaming Production постигнаа договор да се овозможи директен пренос, имајќи го предвид значењето на овој дуел за амбициите на велешкиот состав. Дополнително, доведувањето на Дерек Елис Јуниор се покажа како вистински потег – од неговото пристигнување тимот не знае за пораз, што дополнително ја зголемува самодовербата и очекувањата пред овој натпревар.
Борец Баскет во моментов е на второто место на табелата и со евентуална победа би направил значаен чекор напред во битката за врвот.
Од клубот апелираа до сите љубители на кошарката во Велес да дојдат и да го бодрат тимот, да бидат „шестиот играч“ и да помогнат да продолжи победничката низа.
Преносот во живо ќе биде достапен на YouTube каналот на Кошаркарската федерација на Македонија, а дополнително ќе биде споделен на фан-страниците на Live Streaming Production и Batali.net.

















