Во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ успешно беше реализирана традиционалната пролетна крводарителска акција, на која учениците и вработените покажаа високо ниво на хуманост и солидарност. Во рамки на акцијата беа реализирани вкупно 45 дарувања на крв, бројка која се вбројува меѓу повисоките кога станува збор за училишни крводарителски акции.
Пред одржувањето на акцијата беше организирана и мотивациска работилница со учениците. На неа младите имаа можност да се запознаат со значењето на крводарителството, самиот процес на дарување крв и важноста од вклучувањето на младите како идни редовни крводарители. Преку разговор и споделување информации, учениците беа охрабрени да направат хуман чекор и да станат дел од семејството на крводарители.
Крводарителската акција беше реализирана од Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, во соработка со училиштето.

















