Семејна расправија во Градско заврши со приведување на 26-годишник

gradsko 997x485

Полициски службеници од Полициската канцеларија во Градско привеле 26-годишен жител на Градско, по пријава за семејно насилство.

Според информациите од полицијата, на 12 март 2026 година околу 16:30 часот, било пријавено дека тој во својот дом физички ја нападнал неговата 20-годишна сопруга. По настанот, на местото дошле неговиот татко и таткото на сопругата, при што меѓу нив настанала турканица.

Agria

Мажот бил приведен во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: