Четиринаесетгодишен велешанец бил затекнат како управува мопед без да има право на управување, при полициска контрола на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес.
Според информациите од СВР Велес, на 11 ноември, околу 16:25 часот, полициски службеници сопреле мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од 14-годишник.
По извршените проверки било утврдено дека малолетникот го управувал мопедот пред да се стекне со право на управување.
По насоки на јавен обвинител, мопедот бил одземен, а малолетникот, заедно со родител, бил повикан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.




















