ЦУК известува за состојбата со шумските пожари до 12 часот, активен пожар кај село Богомила

Pozar Karabuniste

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска соопшти дека и понатаму е активен шумскиот пожар кај селото Богомила во Општина Чашка. Пожарот зафаќа мешана шума и претставува сериозна закана за природната средина, но и за потенцијалните објекти во близина. Екипите на терен вложуваат напори за негово локализирање и спречување на понатамошно ширење.

Покрај пожарот во Богомила, активен е и пожар во Општина Македонски Брод кај село Грешница, каде што гори деградирана нискостеблеста шума.

Agria

Од ЦУК информираат дека пожарот во Општина Долнени, кај село Стровија, кој се проширил зад месноста викана Гајдарец-Клепало, е ставен под контрола. Таму гореше нискостеблеста шума, но интервенцијата на теренот дала резултати.

Во меѓувреме, целосно изгаснат е пожарот во Општина Липково кај село Слупчане, каде гореше ниска вегетација.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: