„Гласот на тишината“ од Смилана Василкова промовирана во велешката библиотека

Smilana VAsilkova

Вчера во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес беше промовирана третата по ред стихозбирка на авторката Смилана Василкова, насловена „Гласот на тишината“. Настанот беше збогатен со уметнички изведби и емотивни моменти кои го одбележаа претставувањето на ова дело.

Zito akcija 640x289px

Како промотори на книгата настапија Даница Лепојевиќ и професорката Соња Карбева. Лепојевиќ во своето обраќање истакна дека низ страниците на оваа стихозбирка особено се чувствува темата на љубовта – длабока, искрена и посветена љубов која авторката ја чувствувала кон својот сопруг. Но, како што рече, наспроти таа љубов, се провлекува и болката – тагата како неизбежен спроводник на загубата.

Agria

Самиот наслов на книгата добива особено значење кога авторката лично откри дека по трагичната загуба на својот син, а потоа и на сопругот, токму тишината ѝ станала прибежиште и извор на сила. „Во тишината го најдов мирот. Таа ми даде сила да ги напишам моите три дела. Во оваа трета стихозбирка, ‘Гласот на тишината’, сум најгласна во искажување на најголемата болка која сум ја имала,“ изјави Василкова.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: