Хуманитарна новогодишна вечер „Со љубов за нов дом“ во Велес

Семејство од Велес кое на 27 октомври го загуби својот дом во пожар ќе добие поддршка преку хуманитарната новогодишна вечер „Со љубов за нов дом“, што ќе се одржи на 14 декември 2025 година во ресторанот „Сангрија“, со почеток во 19 часот.

Настанот го организира Teen Vibe – Велес, предводен од Лорета, која последните години активно спроведува хуманитарни активности во градот. Целта е да се помогне на семејството кое останало без покрив над глава и да им се врати надежта за нов почеток.

Agria

„Кога ќе видиш семејство кое преку ноќ останало без дом, сфаќаш дека заедницата мора да покаже сила. Ова е нашиот начин да им покажеме дека не се сами,“ изјави Лорета.

Таа истакнува и дека ваквите акции се повеќе од собирање средства: „Секој настан е можност да внесеме надеж и насмевки во животот на оние кои се во потреба. Тоа е најголемата награда. И секоја насмевка на дете ни дава сила да продолжиме.“

Настанот ќе вклучи детска програма со Мики и Мини и Дедо Мраз, како и новогодишни пакетчиња за најмладите посетители.

Хуманитарната вечер е поддржана од Жито Маркети, Спарта Евент Центар, Мики и Мини – Велес, Ресторан Сангрија, Љупчо Мастер Хип, Голди Радио, како и повеѕќе анонимни донатори.

Организаторите најавуваат дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се помогне на што повеќе семејства погодени од кризи и несреќи.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: