Контролите засилени, прекршоците продолжуваат

Policija kontrola

Црната статистика на велешките улици продолжува да расте. Нови два случаја на непочитување на сообраќајните прописи се евидентирани во Велес и велешко. Од почетокот на февруари ова е веќе деветти случај на лице фатено како управува возило и покрај изречена забрана.

На 12.02.2026 во 09:30 часот, на регионалниот пат Велес – село Извор, во општина Чашка, кај местото викано „крстосница Богомилска“, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода А.П. (25) од Велес. При контрола било запрено патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, при што било констатирано дека возачот управувал со активна забрана за управување моторно возило.

Agria

На 13.02.2026 година во 01:20 часот на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М. (45) од село Бузалково. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, при што било утврдено дека тој управувал со поништена возачка дозвола поради издржување казна затвор во Казнено – поправна установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес.

Иако во моментот поседувал решение за домашно отсуство во траење од три дена, тоа не му давало право да управува моторно возило. По насока на јавен обвинител, возилото било привремено одземено, а Д.М. бил спроведен назад во установата за доиздржување на казната. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

По насоки на јавен обвинител, и во овој случај возилото било привремено одземено, а лицето приведено во полициска станица. По целосно документирање, ќе следува соодветна пријава.

Очигледно е дека дел од возачите во Велес не ги сфаќаат сериозно законските санкции. Девет случаи за неполни две недели се аларм дека контролите се засилени, но и дека неодговорноста на поединци продолжува да ја загрозува безбедноста во сообраќајот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: