СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Според информациите од полицијата, на 1 февруари 2026 година, по извршеното породување во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно, со депониран потпис, го напуштила гинеколошкото одделение, оставајќи го новороденото бебе без родителска грижа.
„СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 01.02.2026, откако се породила во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно со депониран потпис го напуштила гинеколошкото одделение и притоа го оставила новороденото бебе“, се вели во полицискиот билтен.

















