Мотоциклист од Турција тешко повреден во несреќа кај Градско

Тешка сообраќајна несреќа се случила во средата попладне на автопатот Велес–Градско, во близина на излезот кон експресниот пат Градско–Прилеп, при што е повреден мотоциклист.

Како што информираат од СВР Велес, несреќата била пријавена на 7 август околу 15:10 часот. Дваесет и осумгодишниот Г.Ш.С. од Република Турција, со привремен престој во селото Врапчиште, гостиварско, управувајќи мотоцикл марка „Хонда“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.

Agria

Од падот, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Велес. На местото на несреќата извршен бил увид од екипа на СВР Велес, која работи на утврдување на причините за несреќата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: