Надминат прагот на информирање за загадување во Велес на 9 и 10 декември

Општина Велес соопшти дека е надминат прагот на информирање за суспендирани честички ПМ10, согласно Уредбата за гранични вредности за загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух. Според прописите, прагот се смета за надминат кога концентрациите над 100 μg/m³ се регистрираат два последователни дена, што е потврдено и со добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи.

На мерното место Велес 2 во деновите 9 и 10 декември 2025 година се измерени вредности од 112,63 μg/m³ и 128,08 μg/m³, со што прагот официјално е надминат. Во насока на заштита на здравјето на граѓаните и намалување на загадувањето, Општината ги упатува следните препораки:

Agria
  • Користење на јавниот превоз;

  • Да не се користат возила без неопходна потреба;

  • Повеќе лица да се превезуваат со едно возило;

  • Да не се користат за греење отпадни масла, лакирани или обоени дрвени материјали, мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, гума или друг синтетички материјал;

  • Избегнување долготрајна изложеност на отворено во раните утрински и доцните вечерни часови;

  • Правилна употреба на печки на дрва, со суво огревно дрво и редовно чистење на оџаците;

  • Одложување на сите активности на отворено.

Општина Велес апелира до граѓаните да ги следат препораките со цел заштита на здравјето и намалување на негативните последици од зголеменото загадување.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: