Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 % во однос на одлуката од 30.01.2025 година.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит,известува РКЕ.