Празнична магија во Велес: Омилените „Поточиња“ со голем Новогодишен концерт во Спарта Евент Центар!

Оваа недела Велес ќе биде центарот на детската радост и предновогодишната еуфорија! Најпопуларниот детски фестивал во Македонија, „Поточиња“, пристигнува во градот за да приреди незаборавен спектакл за најмладата публика. Настанот е закажан за 21 декември (недела) со почеток точно во 12:00 часот, а домаќин на оваа празнична бајка е Спарта Евент Центар (Sparta Event Centar). Организаторите најавуваат програма исполнета со многу музика, танц и интерактивна забава.

Децата ќе имаат единствена можност во живо да се дружат со својата омилена маскота Поки, да ги пеат најголемите детски хитови и заеднички да ја почувствуваат магијата на Новата година.

Agria

Влезниците се веќе во продажба, но во ограничен број! Поради огромниот интерес и ограничениот капацитет на салата, организаторите апелираат до родителите да ги обезбедат своите влезници навреме за да не останат без место. Картите можат да се купат ексклузивно онлајн преку официјалната платформа: 👉 www.sparta.events

„Ги покануваме сите дечиња и родители од Велес и околината да ни се придружат. Да направиме забава која ќе се памети и на најубав начин да ја испратиме старата година“, порачуваат од тимот на Спарта Евент Центар. Не ја пропуштајте оваа недела – резервирајте го вашето место и бидете дел од највеселиот детски настан оваа зима!

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: