Со активна забрана зад волан, приведена 31-годишна велешанка

Policija kaznuva

Ноќна сообраќајна контрола во Велес заврши со приведување на 31-годишна велешанка која управувала возило и покрај тоа што имала активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

Според информациите од СВР Велес, на 04.03.2026 година во 01:00 часот на улица „Димитар Влахов“ полициски службеници сопреле патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.С. (31) од Велес.

Agria

По преземените мерки било утврдено дека таа управувала со возилото иако имала активна забрана за управување. По насоки на јавен обвинител, М.С. била лишена од слобода и приведена во полициска станица. Возилото било привремено одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: