Со базар, свеченост и доделување награди одбележан Денот на општина Градско

Со низа активности, вчера беше одбележан 16 Декември – Денот на општина Градско и 29 години од нејзиното постоење.

Во рамки на одбележувањето беше организиран базар на локални производи, на кој вредните производители од општината ги презентираа своите домашни, автентични и квалитетни производи. Настанот уште еднаш потврди дека Градско располага со потенцијал, богата традиција и јасна перспектива за развој.

Agria

Централниот настан се одржа во Домот на културата, каде во присуство на граѓани, гости и пријатели на општината свечено беше одбележана оваа значајна дата. Во таа пригода беа прогласени и доделени општинските награди на поединци и колективи кои со својата посветеност, труд и резултати оставиле траен белег во локалната заедница и придонеле за нејзиниот напредок.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: