Три случаи на семејно насилство во Велес за еден ден, приведени две лица, пријавен и напад од свекор

policija svetla

Во изминатите 24 часа полицијата во Велес евидентирала три одвоени случаи поврзани со семејно насилство и закани, при што две лица се приведени, а за еден случај се преземаат дополнителни мерки.

На 5 март околу 00:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес привеле 26-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани кон својата 22-годишна поранешна партнерка. При проверките било утврдено дека бил под дејство на алкохол, при што кај него биле измерени 1,29 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Agria

Претходно, на 4 март околу 17 часот, полицијата привела и 28-годишен жител на велешко село. Тој бил пријавен дека во својот дом агресивно се однесувал и упатувал закани кон својата 46-годишна вонбрачна партнерка. Осомничениот бил задржан во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител, по што ќе следува соодветна пријава.

Истиот ден, околу 18:20 часот, во СВР Велес 36-годишна жена пријавила инцидент во семејниот дом. Според пријавата, по претходно недоразбирање со нејзиниот сопруг, со кого била во бракоразводна постапка, во домот дошле неговите родители. По вербална расправија, нејзиниот свекор со употреба на сила ја извлекол во ходникот и побарал да ја напушти куќата.

За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Велес, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: