Велес со посебен сообраќаен режим за време на Питијадата 2026

PITIJADA

Поради одржувањето на гастрономско-туристичката манифестација „Фестивал на Велешка пита и вино – Питијада 2026“, во Велес од 8 до 12 октомври ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Zito baner

Измените ќе важат од 08:00 часот на 8 октомври до 21:00 часот на 12 октомври, а најголем дел од промените се однесуваат на улицата „Благој Ѓорев“ и околните сообраќајници.

Agria

На делот од „Благој Ѓорев“ од крстосницата со „Борис Трајковски“ ќе биде забрането движењето за возила со поголем габарит, односно автобуси. Тие ќе бидат пренасочувани по „Борис Трајковски“. Дополнително, делот од улицата „Благој Ѓорев“ од кружниот тек кај „Авона“ до улицата „Љубљанска“ ќе биде целосно затворен за сообраќај во двете насоки.

Поради затворањето, возилата ќе се пренасочуваат преку „8-ма Велешка Бригада“, „Лазо Осмаков“, „Т. Христов“, „Ѓорѓи Војтех“, „Кумановска“ и „Борис Трајковски“, зависно од правецот на движење. Промени ќе има и на улицата „Лазо Осмаков“, каде насоката на движење привремено ќе биде променета и сообраќајот ќе се одвива од „8-ма Велешка Бригада“ кон „Љубљанска“.

На дел од „Благој Ѓорев“, од крстосницата со „Љубљанска“ до „Орце Мартинов“, ќе се одвива еднонасочен сообраќај, додека потегот од „Орце Мартинов“ до „Алексо Демниевски-Бауман“ ќе биде со двонасочен режим.

Одлуката за оваа промена е поврзана и со обезбедување полесен пристап до Општата болница во Велес, како и поголема пристапност до домовите на жителите кои живеат во овој дел од градот.

Променет режим ќе има и на улицата „Алексо Демниевски-Бауман“, на потегот од крстосницата кај Пошта до семафорите, каде еднонасочниот сообраќај привремено ќе биде променет во двонасочен.

Надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената временска сигнализација, како и насоките на униформираните полициски службеници, со цел сообраќајот во периодот на Питијадата да се одвива безбедно и непречено.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: