Во СВР Велес синоќа во 20:50 часот било пријавено исчезнување на лице од градот. Според информациите од полицијата, пријавата ја поднела Б.К. (50) од Велес, која соопштила дека нејзиниот сопруг В.К. (53) се оддалечил од нивниот дом и не се вратил.
Надлежните служби веднаш презеле соодветни мерки за пронаоѓање на лицето и во тек е потрага по него.
Од СВР Велес апелираат до граѓаните доколку имаат какви било информации што би можеле да помогнат во случајот, да се обратат во најблиската полициска станица.