Велешанец приведен поради сомнение за недозволена трговија со дрога, одземени прашкасти материи и пари

Droga Heroin

Четириесет и двегодишен велешанец бил приведен откако полицијата го забележала како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја.

Zito baner

Според информациите од СВР Велес, настанот се случил на 2 октомври, околу 18 часот. При преглед на местата каде што биле оставени пакувањата, полициските службеници пронашле и одзеле бела прашкаста материја, бела и кафеава грутчеста материја, како и дигитална вага. Кај 42-годишниот Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Agria

По судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и помошните простории, при што исто така биле одземени пари.

Осомничениот бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: