Втор случај за два дена: Возач со 2,00 промили не застанал на знак на полицијата, приведен во Велес

policija svetla

Само еден ден по приведувањето на возач под дејство на алкохол на „Гоце Делчев“, велешката полиција регистрира уште еден тежок случај на безобѕирно управување. Рано утринава бил приведен 40-годишен велешанец, кој не само што возел пијан, туку и одбил да застане на знак на полицијата.

Инцидентот се случил на 7 декември околу 04:35 часот. Полициски службеници на улица „Благој Ѓорев“ во Велес му дале знак за запирање на патничко возило „сеат“ со велешки регистарски таблички, но возачот Г.С. (40) продолжил да вози и не ја послушал наредбата. По преземени мерки, полицијата успеала да го запре возилото на улица „Коле Неделковски“, каде што бил приведен.

Agria

При проверката било утврдено дека Г.С. управувал под силно дејство на алкохол – алкотестот измерил дури 2,00 промили во крвта, што е екстремно над дозволеното.

Возачот бил задржан во полициската станица во Велес. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе следуваат две пријави: кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и прекршочна пријава за непочитување на сообраќајните правила.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: