Променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за времето денеска.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
И во Велес ќе биде претежно облачно со слаб ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.

















