
Македонските граѓани денеска прославуваат 121 година од Илинденското востание и прогласувањето на Крушевската Република, како и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.
Содржината продолжува под рекламата
По повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, претседатeлката Гордана Сиљановска Давкова, во Пелинце, ќе положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ, ќе има обраќање и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето ќе настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”.
Содржината продолжува под рекламата
Потоа, во манастирот „Св. Прохор Пчински“, претседателката Сиљановска Давкова ќе положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ. Во манастирот треба да биде пречекана од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.
На чествувањето на Илинден во Крушево ќе присуствува премиерот Христијан Мицкоски, кој ќе положи цвеќе на горобот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен, а ќе има и обраќање пред присутните граѓани.
Можеби ќе ве интересира:
- Со 2,43 промили алкохол зад волан, 45-годишен велешанец лишен од слобода
- Сончево со температури до 19 степени
- Генералниот секретар на НАТО, Руте, утре во официјална посета на земјава
- Трагедија: Мајка и дете загинаа откако се фрлија од зграда
- Истрагата за осомничениот од Старо Нагоричане се проширува за уште едно убиство – најавена нова ексхумација
















