
Eден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот Диего Армандо Марадо синоќа беше успешно оперирани поради сериозни здравствени проблеми откако пред два дена итно беше пренесен во болницата, а дополнителните прегледи покажаа дека легендарниот фудбалер има хематом во мозокот.
Како што информираше Себастијан Санчи, лицето задолжено за односи со јавноста во име на Марадона, била неопходна сериозна операција како би бил отстранет хематом од мозокот.
„Марадона имаше хематом на мозокот и среќни сме што истиот хируршки беше отстранет. Ова е сериозна интервенција, но сè мина во најдобар ред. Тој се чувствува добро и сега следува период на негово заздравување“, по операцијата изјави Себастијан Санчи, портпарол на Диего Армандо Марадона.
https://twitter.com/AndresCantorGOL/status/1323736653949788165Можеби ќе ве интересира: