Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски сподели дека денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје имал успешна хируршка интервенција и соопшти дека се чувствува стабилно. На својот Фејсбук профил, тој објави дека МВР функционира без застој и без последици од неговото кратко отсуство.
„Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување, напиша Тошковски.
Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. Целиот тим професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните.
Веднаш по завршувањето на периодот на опоравување, се враќам на редовно извршување на моите обврски во полн капацитет, напиша Тошковски.

















