МЗ: Откриени 10 непотребни кардиохируршки операции

Министерството за здравство откри злоупотреби со кардиохируршки операции во приватни болници. Се најавуваат дополнителни проверки и меѓународна помош за понатамошни анализи.

Јавноста на прес-конференцијата во Владата беше информирана дека до Комисијата досега биле доставени 25 случаи. Комисијата утврдила дека шест од случаите треба да се испратат до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, бидејќи истата не е надлежна. Анализирани биле 19 случаи од кои кај 10 случаи, Комисијата утврдила дека се непотребно извршени операции или непотребно упатени за операција.

Agria

Претседавачот на комисијата, д-р Жарко Христовски, објасни дека во првата фаза анализирале само потребата од реваскуларизација кај пациенти со васкуларна болест, без разлика дали е кардијална или периферна. Другите случаи ќе се разгледуваат во следната фаза.

Христовски најави дека резултатите од првата анализа ќе бидат разгледани заедно со меѓународната комисија поканета од Министерството за здравство. Целта е да се утврдат проблематични индикации и да се предложат стратегии за подобрување на третманот на пациенти со кардиоваскуларни проблеми.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: