Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 Целзиусови степени.
Во Велес, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.

















