Нормализиран железничкиот сообраќај, прекинат бојкотот во МЖ Транспорт

zeleznicka stanica Veles, vozovi

Железничкиот сообраќај во државава од ноќеска е нормализиран откако Синдикатот на машиновозачи на Македонија го прекина бојкотот по преговорите што се одвивале синоќа со раководството на МЖ Транспорт и претставници на Министерството за транспорт.

До раководството на железникото претпријатие на 2 октомври биле доставени 15 барања, а откако немало исход донесена е одлука за бојкот. Дел од барањата се исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10 отсто на платата за вонредно повикување на работа.

Agria

Имавме преговори кои вродија со плод,  дел од барањата се исполнети и колегите одлучија за да не се прават дополнителни трошоци и  бојкотот засега да се прекине. Сообраќајот е нормализиран ноќеска во 01.30 часот. Првиот  воз замина за Кумано во 4.57, изјави за МИА Тони Димовски, претседател на  Синдикатот на машиновозачи на Македонија и претставник на машински и извршен персонал во МЖ Транспорт.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: